Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Фил Фоден е прогласен за најдобар фудбалер на годината од страна на англиската асоцијација на новинари (ФВА). 23-годишниот Англичанец освоил 42 отсто од гласовите меѓу речиси 900 членови на здружението.
Меѓу најдобрите тројца се најдоа и фудбалерот на Арсенал, Деклан Рајс и играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри. Следни беа Кол Палмер (Челси), Оли Воткинс (Астон Вила) и Мартин Одегард (Арсенал).
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, минатата година ја освои наградата на ФВА, а ова е прва ваква награда за Фоден во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА