Фоден мораше да се врати во Англија, но …

Англиската репрезентација е жестоко критикувана од јавноста на „островот“ поради потпросечните изданија во групната фаза од ЕВРО 2024.

Згора на тоа, попладнево беше објавено дека Фил Фоден морал експресно да го напушти репрезентативниот камп и да се врати назад во Англија, наведувајќи „семејни причини“ како повод за ваквиот развој на настаните поврзан со најдобриот фудбалер во Премиер-лигата минатата сезона.

Англиските фанови почнаа да стравуваат дека нивната селекција би можела в недела да игра  во осминафиналето без помошта на големиот ас на Манчестер Сити, но овие стравувања спласнаа откако беше обелоденета точната причина за патувањето. Имено, Фоден го очекува раѓањето на своето трето дете и заминал дома за да биде крај девојката Ребека Кук за време на породувањето.

Тој најдоцна до сабота ќе се врати назад во тренинг-кампот и речиси сигурно ќе биде стартер во осминафиналето закажано за недела.

Се вчитува...