Фоден му донесе три бода на Манчестер Сити (ВИДЕО)

Со еден гол, Манчестер Сити дојде до победата над Борнмут, со што „граѓаните“ дојдоа до 14-та победа по ред на овој противник.

Сити буквално се намачи на ова гостување, но на крајот стигна до посакуваните три бода, и ја продолжува трката за врвот.

Херој за шампионот беше Фил Фоден кој го постигна единствениот гол во 24. минута вреден победа. Во продолжение Соланке и Халанд имаа шанси да го сменат резултатот, но не успеаја.

Се вчитува...