Фоден не греши два пати – гол за изедначување на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Десет минути му беа потребни на Манчестер Сити да стигне до изедначување во дербито на седмото коло против Ливерпул.

Откако Садио Мане во 59. минута од мечот го донесе својот тим во водство, Фил Фоден во 69. минута го поправи впечатокот по промашувањето во првото полувреме со одличен удар за кој Алисон овој пат немаше одговор.

Се вчитува...