Фоден не се чувствувал добро па заврши на операција

Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден го напушти кампот на репрезентацијата на Англија откако на еден од тренинзите не се чуствувал добро, пренесуваат англиските медиуми. По прегледите утврдено е дека итно му е потребна операцијта на слепото црево која завршила успешно.

Поради истата го проследи натпреварот против Украина од болница, а останува неизвесно колку долго ќе биде неговото отсуство од теренот. Тој со сигурност нема да му биде на располагање на Пеп Гвардиола во дерби натпреварот против Ливерпул престојниот викенд.

Четвртиот најскап играч на денешницата оваа сезона настапи 36 пати во дресот на „граѓаните“ на кои постигна 13 гола и шест асистенции.

Се вчитува...