Манчестер Сити направи историски подвиг освојувајќи ја и четвртата последователна титула во Премиерлигата. „Граѓаните“ до последното коло стравуваа за шампионскиот статус, но со сигурна победа од 3-1 над Вест Хем Јунајтед испишаа историја.
Еден од најдобрите фудбалери на англискиот тим оваа сезона беше Фил Фоден, освојувачот на наградата за најдобар фудбалер на Премиерлигата оваа сезона, кој коментирајќи го големиот успех изјави дека никогаш нема да се задоволи кога стануваат збор трофеите.
„Тешко е да се опише со зборови тоа што го постигнавме. Се запишавме себе си во историските книги. Ниту еден тим пред нас не успеал тоа да го направи. Видовте колку тоа ни значи и нам и на навивачите. Цела година работевме за овој момент, посебен момент кој го делиме со навивачите.
Ваквите работи никогаш нема да ми здосадат. Сакам секоја сезона ова да го чувствувам. Нема подобро чувство од освоен трофеј. Сакам да имам што повеќе вакви моменти“, изјави Фоден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА