Фоден: Немаме никакви шанси за титула, не сме глупави

На доминацијата на Манчестер Сити во Премиерлигата и се ближи крај по лошата сезона кој ја имаат „граѓаните“ и огромниот пад во играта со само трите забележани победи на последните 12 одиграни средби. Последното разочарување дојде на средбата против Брентфорд, натпревар кој заврши со реми од 2-2.

Ѕвездата на Манчестер Сити, најдобриот фудбалер за минатата сезона во елитниот шампионат на Англија, Фил Фоден е свесен за ситуацијата во која се наоѓа неговиот клуб. Според него шансите за титула се загубени, а битката е за крај на сезоната во „топ 4“.

„Титулата оваа сезона? Тоа е готово, завршена приказна. Го сфативме тоа. Не сме глупави. Целиме на едно од првите четири места и на што подобар успех во Лигата на Шампиони. Не е завршена сезоната, но мораме реално да гледаме на работите. Формата не ни е на посакуваното ниво“, вели Фоден.

Се вчитува...