Фоден: Па не може секогаш да е виновен само селекторот, и ние играчите мора да си признаеме вина

Англија против Швајцарија утре во Дизелдорф ќе ја бара можноста за полуфинале на ЕВРО 2024.

И покрај тоа што Англичаните се уште важат за најголемите фаворити за освојување на трофејот, сепак, според игрите никако не ја убедија европската фудбалска јавност дека го заслужуваат тоа.

Досега ремизираа со Словенија и со Данска во групната фаза, а едвај во рамноправан меч со 1-0 ја победија Србија. Во осминафиналето дури по продолжение ја победија Словачка, поради што селекторот Герет Саутгејт постојано е на ударна домашната јавност.

Но, ѕвездата на Манчестер сити, Фил Фоден, смета дека не може во една ваква ситуација да биде виновен само селекторот, цврсто застанувајќи во одбрана на Саутгејт.

„Ние играчите мора да преземеме дел од вината за одредени игри на првенството, но мислам дека критиките воопшто не се оправдани и издржани. Посебно ми сметаат некои критики кон селекторот кои навистина не се пријатни да се слушнат и прочитаат. Тоа воопшто не е исправно затоа што точно е дека селекторот ја одредува тактиката, го избира тимот и го одредува системот на игра, но на крајот сепак ние реагираме на теренот. Сепак, многу моменти и крајниот исход влијаат само од тоа како ќе се однесуваат играчите на терен. Затоа мора да преземеме вина. Посебно важно е, пак, тоа што секоја екипа мора да има лидер, некој што ќе реагира на вистински начин кога работите не одат како што треба“ – вели Фил Фоден.

Се вчитува...