Фоден потпиша договор на кариерата со Манчестер сити

Фил Фоден потпипа нов договор со Манчестер сити кој за англискиот шампион сега го врзува до 2027 година.

22-годишниот Фоден се смета за еден од најдобрите млади офанзивци на светот. Во Сити игра од својата четврта година минувајќи ги сите младински селекции на клубот, со клубот со кој веќе освои 11 трофеи.

„Тешко е да се опише колку сум среќен со новиот договор. Ова е остварување на сонот. Цел живот навивам само за Сити, го сакам овој клуб. Многу напредував изминативе години за што се заслужни тренерот Пеп Гвардиола и неговите помошници“ – изјави Фоден по потпишувањето на новиот договор.

Според англиските медиуми, со новиот договор ќе заработува околу еден милион евра месечно, или потпишан договор за 12 милиони евра годишно.

Дебитираше за Манчестер сити на 17 години а две години подоцна стана и најмлад стрелец во Лигата на шампионите во историјата на клубот. За Сити досега има одиграно 182 натпревари, постигнато 52 гола и асистирал за 36 погодоци.

Се вчитува...