Англискиот репрезентативец Фил Фоден вели дека му е жал за селекторот Герет Саутгејт поради критиките кои постојано ги трпи за време на Европското првенство.
Критиките се оправдани, бидејќи досегашната игра на англиската репрезентација беше, во најмала рака, неубедлива. Сепак, Фоден не се согласува со тоа велејќи дека за слабите партии не е виновен само селекторот, туку и фудбалерите.
„Жал ми е за Герет Саутгејт. Играчите мора да прифатат дел од вината. Мораме да се сконцентрираме и да одиграме подобро сите ние кои сме на теренот“, изјави Фоден.
Англија во четвртфиналето на ЕП ќе игра против Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА