Фофана од Монако прави трансфер во Милан

Милан е на прагот да реализира голем трансфер. Во прашање е играчот од средниот ред на Монако и француски репрезентативец Јусуф Фофана, кој се договори со италијанскиот гигант.

Според Фабрицио Романо, играчот и клубот се договориле за сите точки во договорот. Сега останува само двата клуба да постигнат договор околу обештетувањето. Иако се надеваат на богата понуда од премиерлигаш, Монако нема многу простор за маневрирање. Договорот на играчот истекува следното лето и тешко, речиси невозможно е од некого да ги добие посакуваните 25 милиони евра.

Фофана има 25 години, а во Монако е од 2020 година. За клубот од кнежевството одигра 143 натпревари и постигна шест гола.

Се вчитува...