Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини во маратонски меч по голема борба славеше над Британецот Енди Мареј со 2-1, по сетови 6-4, 4-6 и 6-4 во 1. коло на АТП мастерс 1000 турнирот во Рим.
Домашниот тенисер одлично го отвори мечот добивајќи го првиот сет со 6-4. Британецот возврати на ист начин во вториот сет, додека Италијанецот успеа да собере сила и по маратонска борба да го добие последниот сет со 6-4 и да избори пласман во 2. коло.
Фоњини таму за противник ќе го има Србинот, Миомир Кецмановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

