Милан го претрпе вториот пораз во Серија А откако во седмото коло загуби на гостувањето кај Фиорентина со 2-1 во натпревар во кој „росонерите“ промашија два пенали. Првиот го промаши Тео Хернандез, а вториот Тами Абрахам што го разочара тренерот Пауло Фонсека.
Португалскиот стратег по крајот на натпреварот се осврна на фактот дека Хернандез и Абрахам не се стандардните изведувачи на пенали. Тоа е Кристијан Пулишиќ.
„Нормално дека сум лут бидејќи ги променија изведувачите. Пулишиќ требаше да ги изведува. Им кажав на играчите дека тоа не смее повторно да се случи. Не знам што им беше“, изјави Фонсека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА