Фонсека: Чувствувам голема неправда

Португалскиот тренер Паоло Фонсека е строго казнет поради нападот на судијата Беноа Мило на натпреварот меѓу Лион и Брест. Тренерот на Лион е казнет со девет месеци во кои не смее да влезе во соблекувалната на својот тим пред, за време и по натпреварот.

Португалецот по натпреварот од Лигата на Европа против ФЦСБ реши да проговори на оваа тема по казната што му ја изрече Лига 1.

„Сакам да останам фокусиран на играта, но чувствувам голема неправда поради тој досуден пенал и сакам да кажам дека никогаш не сум го допрел судијата или сум имал намера да бидам физички агресивен. Најважна ми е поддршката што ја чувствувам од клубот и од оваа неверојатна група играчи“, изјави Фонсека.

И покрај оваа казна, Фонсека изјави дека сака да остане тренер на Лион кога ќе се врати во соблекувалната на својот тим во домашниот шампионат.

Се вчитува...