Португалскиот фудбалски стручњак Пауло Фонсека е назначен за нов тренер на Олимпик Лион, соопшти денеска францускиот клуб. Фонсека потпиша договор со Лион до 30. јуни 2027 година.
Португалецот го замени Пјер Саж како тренер на клубот од Лион, кој доби отказ пред три дена.
Фонсека пред нешто повеќе од еден месец доби отказ од Милан, а пред „росонерите“ ги тренираше Лил, Рома, Шахтјор, Брага, Пакос Фереира, Порто и Авес.
Португалскиот тренер ќе дебитира на клупата на тимот од Лион во недела на натпреварот од 20. коло на францускиот шампионат против Олимпик Марсеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА