Пауло Фонсека ги разреши сите дилеми околу својата тренерска иднина потпишувајќи долгорочен договор со екипата на Шахтјор. Англискиот премиерлигаш Вест хем покажа сериозен интерес за Фонсека, газдата Дејвид Саливан имаше состанок од речиси два часа со овој стручњак, но Фонсека во последен момент се премисли и реши да остане во Украина.
„Многу сум среќен. Сакав да останам во Шахтјор, сега таа желба ми се исполнува. Голема благодарност до претседателот Ринат Ахметов, до фудбалерите и до сите вработени во клубот“ – изјави Фонсека по потписот на новиот договор, со важност до јули 2020 година.
Пауло Фонсека пристигна пред две години на чело на украинскиот гигант, освојувајќи две двојни круни, воедно и стигнувајќи во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА