Тренерот на Милан Пауло Фонсека не беше премногу воодушевен од ремито без голови во дербито на Јувентус. Ова реми не беше најдобро за двете екипи, кои треба да се израмнат зад водечките во поредокот. „Росонерите“ веќе заостануваат 9 бода зад својот голем ривал Интер , но и покрај тоа тренерот останува оптимист дека неговиот тим може да стане шампион.
Фонсека истакна дека сосема му е јасно исвиркувањето на навивачите по натпреварот.
„Нормално е кога не победувате да има исвиркувања. Да бев навивач, немаше да ми биде мило да отидам на стадион и да видам таков „спектакл“. Потполно разбирам зошто се несреќни“, изјави Фонсека.
„Тоа беше многу тактичка игра од двете екипи. Покажавме преголема почит кон Јувентус, но и тие покажаа голема почит кон нас, поради што никој не ризикуваше. Јувентус добро се брани и тешко е да се создаваат шанси против нив. Ситуациите што ги имавме, или збркавме додавање или нешто друго тргна наопаку, мислам дека добро се снајдовме во одбраната, да не заборавиме колку голови даде Јуве против Интер пред неколку недели“, додаде тренерот на „росонерите“.
Според него, неговиот тим требало да ризикува повеќе доколку сакал да победи.
„Требаше да преземеме повеќе ризици за да постигнеме голови, да напаѓаме со повеќе луѓе за да ја пробиеме нивната одбрана. Во суштина создаваме повеќе шанси. Во поразот од Наполи имавме многу шанси, но денес едноставно не ризикувавме доволно. Знајте ги луѓето што не ми веруваат, но јас продолжувам да верувам дека можеме да станеме шампиони Остануваат уште многу натпревари, многу бодови за освојување и се може да се случи“, заклучи Португалецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА