Тренерот на Милан, Пауло Фонсека, изјави дека неговиот тим доминирал на натпреварот против Наполи, но многу грешки доведоа до пораз од 2-0. Сепак, Португалецот беше задоволен од она што го прикажаа „росонерите“.
После натпреварот даде изјава со која нема да се сложат многумина навивачи, односно дека резултатите ќе дојдат многу брзо.
„Јас сум личноста која е одговорна за она што се случува на теренот. Постојано правиме грешки кои водат кон голови во нашиот гол. Не е лесно да се игра против Наполи по негатива уште од стартот. Ако го погледнете целиот натпревар, тие постигнаа два гола, но ние ја контролиравме играта. Реагиравме на лошиот старт, прикажавме квалитетен фудбал, создадовме многу шанси, но противникот се бранеше блиску до неговиот шеснаесетник и тоа ни отежна“, изјави Фонсека и додаде:
„И без неколку играчи успеавме да одиграме добро. Не постои тим кој освоил титула после само девет кола. Постојано напредуваме и наскоро ќе постигнуваме добри резултати“, рече Португалецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА