Пауло Фонсека беше критикуван од самиот старт на сезонава, но португалскиот стручњак успеа да ги замолкне злобниците со синоќешниот триумф на градското дерби со Интер.
„Росонерите“ ја прекинаа серијата од шест порази од градскиот ривал, но Фонсека остана скромен по големиот триумф, заслугите насочувајќи ги кон своите фудбалери.
„Ова беше големо дерби и знаеме колку им значи на нашите навивачи. Милан немаше победено подолг период, така што триумфот е важен за сите, најмногу за кревање на формата. Фудбалерите ја заслужија оваа радост, покажаа храброст, се бореа на теренот… не се сеќавам некој тим во Италија да му создаде толку проблеми на Интер, сите треба да сме горди на ова издание“, изјави Фонсека.
Италијанските медиуми пред натпреварот најавуваа дека „нероаѕурите“ се големи фаворити, а Фонсека ќе добие отказ веднаш по мечот…
„Искрено, не читам весници ниту интернет портали, настојувам само да си ја работам мојата работа. Секако дека победата ќе ја зголеми самодовербата на сите, но знаеме дека мораме да бидеме уште пдообри… Ова е победа за моите играчи, а знам дека со неа си купив барем една недела мир“, прокоментира стратегот на „росонерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА