Тренреот на Лион, Пауло Фонсека доби поддршка од својот клуб, и покрај деветмесечната суспензија од страна на француската федерација, поради напад на судија на мечот со Брест.
Се очекуваше Португалецот да добие отказ од својот клуб, или самиот да поднесе оставка, но тоа нема да се случи. Сега долго време нема да може да ги извршува своите обврски, а тимот на Лион покрај тоа што објави поддршка, истакна дека ќе поднесе жалба на одлуката.
„Здраво Пауло. Како и секогаш, стојам зад тебе. Направи грешка, и твоето извинување е искрено. Твојата казна е превисока. Вие сте човекот за тренерската позиција на нашиот тим, убеден сум во тоа. Ајде Лион“, напиша претседателот на клубот, Џон Текстер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

