Пауло Фонсека има сезона за заборав, откако португалскиот стратег по само неколку месеци доби отказ во Милан, а не му одат најдобро работите ниту на новото работно место во француски Лион.
Искусниот стручњак ги загуби нервите на денешниот натпревар со Брест, откако влезе во отворен конфликт со судијата Беноа Мијо. По покажаниот црвен картон Фонсека целосно ги загуби нервите, внесувајќи му се в лице на Мијо, потоа и допирајќи ја својата глава до главата на судијата.
Француските медиуми тврдат дека тренерот на Лион го очекува жестока казна од најмногу седум месеци, а Португалецот веднаш по мечот јавно се извини, признавајќи дека „реакцијата кон судијата му била погрешна“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

