Фонсека полуде на судија, му се заканува суспензија од седум месеци (ВИДЕО)

На тренерот на Лион, Паоло Фонсека му се заканува суспензија од седум месеци поради жестоката реакција на натпреварот против Брест во 24. коло од француското првенство.

Испровоциран од одлуката на судијата да му додели црвен картон, португалскиот тренер му се внесе во лицето на судијата Бонито Милот па мораа да го смират и неговите фудбалери.

Фонесека се извини за однесувањето, но случајот дополнително ќе биде истражен од страна на француската федерација по што ќе биде одлучена неговата казна.

Се вчитува...