Тренерот на Милан, Пауло Фонсека го коментираше поразот од Баер Леверкузен во Лигата на шампионите. Тоа беше втор неуспех на „росонерите“ во елитното натпреварување, откако во првото коло беа поразени и од Ливерпул на домашен терен.
Фонсека кажа дека е задоволен од играта на неговиот тим, но не и од конечниот резултат.
„Од доаѓањето во Милан овој натпревар е нашиот најдобар. Во вториот дел прикажавме фантастична игра, создадовме многу шанси, но не успеавме да реализираме. Разочаран сум од резултатот, но среќен сум со она што го направивме на теренот, изјави Фонсека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА