Тренерот на Милан, Пауло Фонсека најави дека со ангажман на Јусуф Фофана, ќе се затвори трансфер маркетот на екипата, која донесе неколку квалитетни имиња за време на летниот предоен рок, кои треба да го вратат сјајот на „росонерите“.
Фонсека го потврди трансферот на Фофана, и исто така најави дека сега со раководството ќе бидат фокусирани на продажба на играчи.
„Со Фофана го затвораме нашиот трансфер маркет, кога станува збор за новите фудбалери. Сега треба да се фокусираме да се ослободиме од некои. Имаме премногу играчи, и одиме да го намалиме кадарот“, изјави Фонсека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА