Форбс: Реал Мадрид е најбогат клуб на светот, но Манчестер Јунајтед опасно му се приближува

Реал Мадрид останува на врвот на листата на најбогати спортски клубови и на најновото рангиање што го објави магазинот „Форбс“. „Кралевите“ во последните години изградија нов стадион и си ги зголемија приходите, како супертрансфер минатото лето го доведоа Килијан Мбапе, што придонесе нивната вредност да порасне на огромни 6,5 милијарди долари.

Она што е изненадување, Манчестер Јунајтед опасно му се приближува на Реал на оваа ранг-листа, па така гигантот од „Олд Трафорд“ е проценет на 6,4 милијарди долари, или само 100 милиони долари помалку од „кралскиот клуб“. Резултатски Јунајтед со години се мачи да се приближи до врвот, но новата инвестиција на британскиот милијардер Џим Ратклиф го зголеми капиталот на најтрофејниот англиски клуб приближувајќи го во непосредна близина на досега недопирливиот „кралски клуб“.

Треторангирана на листата на „Форбс“ е Барселона со 5,6 милијарди долари, пред Ливерпул со 5,4 милијарди. Англискиот првак Манчестер Сити е петторангиран со 5,1 милијарди долари, пред Баерн Минхен со пет милијарди, ПСЖ со 4,4 милијарди долари, а интересно е што Тотенхем (3-2 милијарди долари) важи за побогат клуб од Челси (3,1 милијарди) и Арсенал (2,6 милијарди долари).

Се вчитува...