Ford – на местото каде се испишува македонската спортска историја!

ЕКИПА продолжува да биде дел од меѓународните настапи на македонските клубови и репрезентации и во Будимпешта, воедно и продолжувајќи ја соработката со Ми Да Гранд Моторс и Форд како чести помагачи на нашите патувања ширум Европа. Патувањето со најновиот модел на Форд Фокус беспрекорно како и секогаш, па оние 800 километри ги минавме во удобно возење, свежи за работен ангажман и известување од овој фајналфор.

vnatre

А имаше што да се забележи – онаа извонредна игра на „вардарки“ вчера против ЧСМ и историското прво финале на „црвено-црните“ во клупската историја. Со секој успех растат и апетитите, па така сега сите со нетрпение го очекуваме и големото финале со Ѓер, да видиме дали Македонија и вторпат ќе добие европски клупски првак во женскиот ракомет.

001

Во унгарската престолнина утрово е врнежливо, нека биде и берикетно, па вечерва да ја прославиме и европската круна на Вардар. А утре, на пат назад кон Скопје, во новиот Форд Фокус овие 800 километри не делуваат толку далечни.

prednica

Се вчитува...