Форлан открива: Роналдо висеше пред огледало, а Ферги и Бекам не се поднесуваа

Диего Форлан по завршувањето на фантастичната кариера повторно се најде во фокусот на јавноста, особено откако откри интересни детали од времето минато во Манчестер Јунајтед. Тој обелодени што точно се случило за време на дуелот со ФА Купот против Арсенал во 2003 година, меч кој ќе остане запаметен по тоа што Сер Алекс Фергусон го удри со копачка во главата Дејвид Бекам.

„Пирес имаше продор, Невил беше останат напред, но Бекам не успеа да затвори. Треба да знаете, Бекам и Алекс Фергусон во тоа време не се поднесуваа, гледавме конфликти секој ден, а секој нареден беше полош од претходниот. Двајцата се скараа и за тој момент од мечот, Ферги се сврте и се чинеше дека се е готово, а потоа Бекам му врати. Сер Алекс се сврти и само ја шутна копачкатња кон Бекам, а таа заврши над неговото око. За среќа тука беа Рој Кин и Руд ван Нистелрој, кои спречија уште поголем инцидент“ – открива Форлан.

Фергусон потоа јавно се извини за немилата случка, но веќе наредното лето го продаде Бекам во Реал Мадрид.

Форлан откри и детали од однесувањето на Кристијано Роналдо на почетоците од кариерата на Португалецот во Манчестер.

„Веднаш се виде дека е себичен, и тоа на сосема поинаков начин од Бекам. Беше млад, но цело време кога не бевме на тренинг го минуваше пред огледало“ – истакнува Форлан, кој настапуваше за Манчестер Јунајтед од 2002 до 2004 година.

Се вчитува...