Формирана нова Балканска боксерска лига – Вардар ќе биде претставник на Македонија

На голема радост на фановите на боксот, денеска во Сараево и официјално беше регистрирана новата регионална лига, а во која ќе партиципираат вкупно осум клубови од Македонија, Србија, Хрватска, Бих, Црна Гора и Словенија.

Балканскиот бокс со оваа лига добива освежување и засилување во конкуренцијата и дефинитивно ќе биде примамлив за фановите. Претставник на Македонија ќе биде БК Вардар, а нашиот клуб на денешната ждрепка беше извлечен во групата А заедно со Лозница од Србија, Железничар од БиХ и Црногорски Соколи од Црна Гора.

Група А:

Вардар-Лозница

Железничар – Црногорски Соколи

Група Б:

Црвена Звезда-Марибор

Хрватски Витези – Радник

Во првото коло кон крајот на мај, Вардар ќе ја пречека Лозница во Скопје, додека Железничар е домаќин на Црногорски Соколи.

Се вчитува...