Возачот на Мекларен, Ландо Норис кој води битка со клупскиот колега Оскар Пјастри за шампионската титула во најбрзиот шампионат на светот ги шокираше фановите на Формула 1 со изјава дека би можел да се пензионира од возење доколку стигне до „пол-позицијата“ на крајот на сезоната.
Следејќи го примерот на Нико Розбег, Германецот кој по титулата во 2016 година се пензионираше од трките, Норис изјави дека би му било доволно и една титула за да се препушти на убав живот.
„Понекогаш е добро да се повлечеш кога ќе победиш, како Нико. Само едно првенство. Не мораш повеќе ништо. Си остварил мала цел и одиш да живееш неверојатен живот“, изјави Норис.
Норис доби прашање дали навистина би оставил договор кој му носи 40 милиони евра на годишно ниво на што се насмевна па кратко одговори. „Не знам. Можеби. Можеби следната година нема да бидам тука. Никогаш не можете да знаете“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

