Формула 1 потврди дека трките во Сингапур, Азербејџан и Јапонија се откажани. И понатаму ќе се бара начин календарот за оваа година да биде направен и да може да се организираат од 15 до 18 трки.
„Поради сите предизвици со кои сме соочени од пандемијата со коронавирусот, донесовме одлука да ги откажеме трките во Азербејџан, Сингапур и Јапонија. Причина се многуте пречки со кои се соочени организаторите во овие земји. Во Сингапур и Азербејџан организацијата на трките подразбира конструкција на патеката на градските улици, додека во Јапонија постојат ограничувања за патување“, се наведува во соопштението на Формула 1.
Претходно беа откажани и трките за Големите награди на Австралија и Монако.
BREAKING: There will be no F1 races in Azerbaijan, Singapore and Japan in 2020#F1 pic.twitter.com/u1PlAsaG8e
— Formula 1 (@F1) June 12, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА