Формула 1 го објави календарот за 2019, повторно ќе има 21 трка

Следната сезона во Формула 1 шампионатот ќе биде третата во која ќе има максимален број трки. Формула 1 го објави провизoрниот календар за 2019 година, кој треба да оди на одобрување кај бордот на ФИА на 12 октомври. 11 трки ќе бидат во Европа, пет во Азија, четири во Америка и една во Австралија. Австралиското Гранд при, стандардно ќе ја отвори сезоната на 17 март, а завршницата би била на 1 декември во Абу Даби.

Во следната сезона ќе биде обележан историски момент бидејќи трката за Големата награда на Кина ќе биде 1000. Гранд при од почетокот на натпреварувањето во 1950 година.

Во календарот за сезоната 2019 се и дел од најпознатите трки за кои Формула 1 годинава потпиша продолжување на договорите. Тука влегуваат белгиската и германските трки, како и натпреварувањето во Јапонија.

 

Се вчитува...