Правилото според кое се доделува поен за најбрзиот круг на трката, во случај возачот да биде меѓу 10. најдобри нема да важи од следната година.
Одлуката беше донесена на Светскиот совет за моторни спортови одржан во четвртокот, кој исто така одлучи да им даде повеќе можности на младите возачи за време на тренинзите.
Дополнителен поен за најбрзиот круг во Формула 1 се доделува од 2019 година, а правилото беше воведено за да се зачини акцијата и да им се даде дополнителен поттик на возачите во топ 10. Исто така, тоа доведе до интересни стратегии за поединечни тимови, кои се обидуваа да им одземат дополнителен бод на своите ривали.
Главниот проблем со тоа правило е фактот што во ниту еден момент не ги направи трките повозбудливи, што беше целта. Наместо тоа, се случи возачите со голема предност да го искористат тоа за да отидат во боксот по нови гуми во финишот на трката и со тоа да добијат бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА