Формула 1 ја најави трката во Мајами

Втората Формула 1 трка на територија на САД ќе биде во Мајами околу стадионот Хард Рок. Сопствениците на Формула 1, кои се Aмериканци соопштија дека е постигнат начелен договор со овој стадион, кој треба да биде домаќин на првата трка во Мајами.

„Воодушевени сме што можеме да објавиме дека Формула 1 и стадионот Хард Рок имаат договор за организација на трката за големата награда на Мајами. Со годишен приход од 400 милиони долари и со 35 илијади ноќевања, големата награда на Мајами секоја година ќе биде значајна финасиска инекција за Јужна Флорида. Им заблагодаруваме на сите што помогнаа да се реализира овој проект“ – стои во соопштението од Ф1.

Хард рок е дом на Мајами Долфинс и на Мајами Марлинс, а домаќин е и на тенискиот Мастерс.

Се очекува трката во Мајами во календарот на Ф1 да влезе од 2021 година. Во САД веќе се вози трката во Остин. Следната година, шампионатот првпат ќе има 22 трки затоа што во најбрзото првенство се приклучуваат трките за Големата награда на Холандија и Големата награда на Виетнам.

Се вчитува...