Белгиската патека Спа-Франкошамп ја продолжи соработката со Формула 1, па така Белгиското ГП ќе се одржува на таа патека најмалку до 2025 година.
Спа-Франкошамп има богата историја во Формула 1 шампионатот, бидејќи – почнувајќи од 1950 година – на патеката се одржани 56 тркачки викенди. Белгиската патека е и најдолга во календарот, бидејќи е неопходно да се поминат 7.004 метри за да се комплетира еден круг.
„Спа е синоним за Формула 1 – таа е дел од календарот од самиот почеток и публиката и возачите го сакаат тоа. Воодушевен сум што ја продолживме соработката со патеката Спа-Франкошамп до 2025 година“, изјави шефот на Формула 1, Стефано Доменикали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА