Доминацијата на Ред Бул и во новата сезона во Формула 1 шампионатот ги поттикна гласините за можно заминување на Луис Хамилтон од Мерцедес. Британскиот возач претходната сезона пропушти шанса да стигне до историската осма шампионска титула, а со оглед на перформансите на неговиот болид тешко дека ќе има шанса оваа.
На темата заминување на Хамилтон од Мерцедес говореа повеќе луѓе од областа на најбрзото натпреварување на светот, а сега својот став го искажа и првиот човек на Хас, Гинтер Штајнер кој не ги штедеше зборовите.
„Не можете секогаш да победувате. Формула 1 не е Формула Мерцедес, доста веќе. Имаа фантастични години, но ништо не трае засекогаш. Чудно ми е зошто тие не можат да се помират со тоа. Потребно е да се регрупирате и да пробате повторно, а не да барате да бидете најдобри „бидејќи сте победувале осум пати пред тоа“. Истото важи и за Луис како возач.
„Која е другата опција за него? Па не постои. Ред Бул ги стави сите карти на Макс Ферстапен. Потполно оправдано. Дали мислите дека сега тие би го довеле Луис пред Макс? Нормално дека не. Јасно е дека Луис ќе остане таму каде што е“, вели Штајнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА