Фернандо Алонсо го продолжи договорот со Мекларен и за следната сезона, но на Шпанецот не му се доволни настапите во Формула 1 и најави дека планира да вози и во другите натпреварувања. Сезонава тој ја пропушти Ф1 трката за ГН на Монако за да вози на Индијанаполис 500, а слични планови има и за следната година, но овој пат во некое од другите автомобилски натпреварувања.
„Ако зависеше само од мене, јас ќе се натпреварувам секој викенд со било каков автомобил. Но, во Мекларен сигурно нема да се согласат на такво нешто. Сепак, мислам дека ќе ме пуштат на 2-3 викенди во другите шампионати. Ќе разговарам за тоа кога ќе дојде време и ќе видиме како ќе биде“ – изјави Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА