Трката во Австралија нема да биде прва ниту на следниот шампионат во Формула 1. ГН на Австралија е на распоред на 2. април 2023 година, објавија организаторите кои веќе ги пуштија влезниците во продажба.
Со оглед на доцниор распоред, се очекува следната сезона да почне на некоја друга патека. Оваа година беше во Бахраин, а втора беше ГН на Саудиска Арабија. Австралија беше трета.
Мелбурн со години беше прва трка во Ф1 шампионатот. Во склопот на десетгодишниот договор, австралиските организатори договориле Алберт Парк ќе биде домаќин на стартот од сезоните 2024 и 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА