Формула 1 трката за Големата награда на Азервејџан во Баку ќе се вози најмалку до 2023 година. Организаторите на натпреварувањето и Формула 1 постигнаа договор за продолжување на соработката која почна во 2016 година за уште три години.
„За краток временски период оваа трка стана една од најпопуларните во сезоната. На неа секогаш има неизвесна борба и спектакуларано тркање“ – изјави извршниот директор на Ф1, Чејс Кери.
Трката во Баку во претстојнава сезона е закажана за 28. април. Во претходната година продолжување на договорите со Формула 1 добија и Белгија, Кина, Германија, Јапонија и Синагапур.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА