Еден од најпопуларните спортови во светот, Формула 1 шампионатот бележи големо внимание во места како Монако, Лас Вегас, Италија, Австралија, Кина…, но не секогаш приказната е успешна како во овие држави па постојат стази кои се напуштени со години.
Таква е стазата Кореа Интернешнал чија изградба чинеше 350 милиони евра, беше домаќин на четири Големи награди, а последната од нив во 2013 година.
Стазата беше комплетирана непосредно пред првата Голема награда на Кореа во 2010 година бидејќи изградбата доцнеше поради обилни дождови. Проблем претставуваше и локацијата со оглед на тоа што е оддалечена од главниот град Сеул 317 километри.
И покрај тоа што стазата може да прими 120 илјади љубители на спортот, ниту еднаш во четири години не беше распродадена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

