Извршниот директор на Формула 1 Стефано Доменикали разговараше со тајландскиот премиер Пентогтан Шинаватра за плановите да се одржи трка на улиците на Бангкок.
Премиерот рече дека Владата ќе нарача физибилити студија за можноста трката да се одржи во главниот град од 2028 година.
„Верувам дека сите жители на Тајланд ќе имаат корист од организирањето на овој настан, без разлика дали се работи за големи инвестиции во инфраструктурата, отворање нови работни места, создавање нови приходи и увоз на нови технологии и иновации“, рече Шинаватра.
На северо-западниот дел на Тајланд во Буринам има патека која има акредитација на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА