Формула 1 почнува да прозиведува респиратори како помош за битка против коронавирусот

Седум тима од Формула 1, со седиште во Велика Британија, активираа проект како одговор на повикот на владите од европските земји за вклучување во производство на медицинска опрема, првенствено респиратори неопходни во борбата против коронавирусот.

Во проектот се вклучен Мерцедес, Ред Бул, Мекларен, Рено, Рејсин поинт, Хас и Вилијамс, нивните технолошки единици како и раководството на Формула 1.

„Следејќи ја одлуката на британската влада, проектот е насочен на три цели на работа. Проектот ќе биде поддршка за зголемување на производството на респиратори според досега познатите нацрти, но и забрзана проекција на и изработка прототипови на нови уреди за лиценцирање и можно ново производство“ – се вели во соопштението од Формула 1.

Се вчитува...