Кими Раиконен ќе ја има најдобрата стартна позиција на утрешната трка за големата награда на Монца од Формула 1 шампионатот. Во последните моменти од квалификациите, Финецот со рекорд на патеката успеа да дојде до најдобриот резултат. Раиконен е највозрасниот возач кој дошол до пол позиција по Најџел Менсел во 1994 година.
Со него во првиот стартен ред ќе биде тимскиот колега од Ферари, Себастијан Фетел. Луис Хамилтон имаше трето време во квалификациите и ќе биде во вториот ред.
За Ферари ова е втора пол – позиција на домашната Монца по 15 години.
Во пресрет на утрешното натпреварување, бранителот на титулата, Луис Хамилтон има 17 бода предност пред најголемиот конкурент, Себастијан Фетел. Трката во Монца е 14-та од Формула 1 сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА