Организаторите на руското Гранд При од формула 1 шампионатот во Сочи тврдат дека четиригодшната суспензија на државата од организација и учество на големи настани што ја изрече ВАДА, нема да влијае на оржувањето на трката во периодот на забраната. Следната трка во Сочи треба да се одржи на 27 септември наредната година. Организаторите велат оти е „правно и технички невозможно“, трката да биде преместена.
“Договрот за одржување Ф1 трка во Русија е потпишан во 2010 година, далеку пред настаните кои ги истражуваше ВАДА. Договорот важи до 2025 година. Уверени сме дека трката и следната и сите наредни години ќе се одржи. Билетите веќе се продаваат“ – стои во соопштението од организаторите.
Порпаролот на Ф1 изјави дека ја следата ситуацијата и тоа дали ќе има жалба и што би бил исходот од неа. ФИА исто така објави дека ја следи ситуацијата и ќе ги земе в предвид сите правни и практични прашање што би произлегле.
ФИА која е надлежно тело за Ф1 е организација призната од Интернационалниот олимписки комитет и потписничка на протоколот на ВАДА. „Цаката“ на која најверојатно ќе се извади ситуацијата со Ф1 трката во Сочи ќе биде тоа што во објаснувањето од ВАДА стои дека веќе доделените и договорени настани со Русија треба да бидат доделни на друг организатор освен ако тоа не е „правно и технички невозможно“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА