Формула 1 во 2021 година се враќа во нормала

Следната сезона во Формула 1 најверојатно ќе има 23 трки. Актуелниот шампионат е во скратен формат поради пандемијата на коронавирусот, но со чекува во 2021 Ф1да се врати сосема блиску до нормлата. Според најавите сезоната ќе почне во Австралија на 21 март.

Потоа следуваат натпреварувањата во Бахреин и во Кина, а на крајот на април ќе треба да се одржи премиерното издание на трката за Големата награда на Виетнам. Една од поголемите промени во календарот за 2021 година во однос на оваа сезона е тоа што Големата награда на Холандија ќе биде со есенскиот термин.

Тоа значи дека прва европска трка ќе биде таа за ГН на Шпанија на 9. мај по што е планирано да се одржат трките во Монако, Азербејџан и во Канада. Тимовите потоа ќе се преселат во Европа каде што ќе се одржуваат трките во Франција, Австрија, Велика Британија и во Унгарија. Вториот дел од календарот сè уште е подложен на промени и засега се знае дека трките во Сингапур, Русија и во Јапонија ќе бидат одржани во три последовни викенди.

 

Се вчитува...