Идејата на возачите да им се додава екстра бод за најбрз круг доаѓа од Советот на Светската автомобилистичка федерација. Сезоната почнува во Мелбурн следниот викенд, а новото правило би можело да биде вкорпорирано веќе тогаш.
Сепак, потребно е новото правило да биде одборено и на гласањето на Комисијата на Ф1 и да биде додадено во пропозициите и правилата на натпреварувањето. Според процедувата правилот треба прво да помине кај формула 1, а потоа да оди на гласање на Советот на ФИА.
Дополнителен бод за најбрз круг, возачите би добивале ако завршат меѓу најдобрите 10 на трката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА