Формула 1 возач за само секунда побрз од болид управуван од вештачка интелигенција (ВИДЕО)

Изминатиов викенд во Абу Даби се одржа интересна трка помеѓу поранешниот Формула 1 возач, Данил Квијат и болид управуван од страна на вештачка интелигенција, трка која донесе интересен резултат.

Стартот на трката му припадна на болидот управуван од вештачката интелигенција, но како што одминуваше трката Русинот успеа да фати приклучок, да ја превземе лидерската позиција и да биде побрз за само една секунда.

Настанот заврши со голема трка помеѓу шест возила управувани од страна на вештачката интелигенција која донесе големи возбудувања.

Се вчитува...