Формула 1 тимот Форс Индија е под стечај, објави синоќа Судот во Лондон што го разгледуваше случајот за зголемените долгови и неликвидното работење на овој тим.
„Беше именувано лице кое ќе ја води целата постапка, тоа е се што можам да кажам во моментов“ – изјави потпретседателот на Форс Индија, Боб Фернли.
Според најавите на британските медиуми, не постои опасност од банкрот бидејќи за Форс Индија постои сериозен интерес од неколку инвеститори кои се подготвени да ги покријат долговите, но и да вложат значителни суми во развој на болидот.
Бурата почна со изјавата на возачот Серхио Перез дека „ситуацијата е критична, бидејќи тимот не може да си дозволи да го развива болидот“. Актуелната управа должеше пари на неколку инвеститори, меѓу кои и снабдувачот со мотори Мерцедес, како и на самиот Перез. Се шпекулира дека токму Перез и Мерцедес со тужби ја покренале новонастанатата ситуација, се со цел што поскоро да дојде до промена во сопственичката структура.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА