Форца е нов шампион во Купот на Македонија во футсал

Екипата на Форца е нов шампион во Купот на Македонија во футсал. Тие во финалето во „25. мај“ во Радовиш славеше над КМФ Осогово од Крива Паланка со 5-4.

Двоен стрелец за победникот беше Зоран Левески, а по еднаш погодија Јасир Зекири, Тауљант Исмаили и Артан Јунузи.

КМФ Форца претходно убедливо го освои и шампионатот и ќе не претставува во квалификациите на Лигата на шампионите.

Се вчитува...