Екипата на Форца со победа ги почна натпреварите во квалификациската група од Футсал Лигата на шампионите на УЕФА.
Македонскиот шампион во 1. коло од натпреварите во прелиминарната група во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје славеше против ирскиот шампион Блу Меџик од Даблин со 4-2.
Ирците поведоа со 1-0 со голот на Лукас уште во 5. минута, но Исмаили израмни во 17.минута за Форца. Откако Ирците повторно поведоа со голот на Салдања во 21. минута со 2-1, потоа се беше во знакот на македонскиот тим.
Дандан со голови во 27. и во 30. минута донесе пресврт за 2-3, за да на крај Петровиќ заокружи за победа на Форца од 4-2 со голот во 39. минута.
Во вториот натпревар во групата, екипата Титоград со идентични 4-2 славеше против екипата на Ренџерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА