Македонскиот футсал шампион Форца ја запиша и втората победа во прелиминарната рунда од Лигата на шампионите.
На квалификацискиот турнир во Куманово, Форца славеше со 1-0 против екипата на Мурата од Сан Марино, на тој начин задржувајќи ја водечката позиција во групата А во очекување на последниот дуел од претквалификациите.
Стрелец на победничкиот гол за Форца беше Сефери во 21. минута од средбата.
Утре, во последното коло Форца ќе игра со ерменски Ереван, кој досега има три бода, со победа и пораз на турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

